Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Душан Ивковиќ, го
објави поширокиот список играчи кои ќе конкурираат за место во
националниот тим за претстојното Европско првенство во Словенија.

Ивковиќ подготовките ќе ги стартува со 20 кошаркари, меѓу нив има
шестмина дебитанти, а на списокот се наоѓа и Милош Теодосиќ, кој поради
повреда го пропушти финишот на сезоната, но неговото учество на
Евробаскетот и натаму е неизвесно.

На списокот нема четворица кошаркари кои беа дел од српската
репрезентација во изминатите пет години: Миленко Тепиќ, Александар
Рашиќ, Марко Кешељ и Иван Пауниќ.

Репрезентацијата на Србија подготовките ќе ги започне на 8-ми јули во
Белград, а на 15-ти јули ќе замине за Словенија каде ќе се подготвува до
4-ти август. За време на подготвителниот период Србија ќе одигра 11
контроли натпревари.

Европското првенство во Словенија ќе се одржува од 4-ти до 22-ри
септември, Србија се наоѓа во Б групата заедно со Македонија, Босна и
Херцеговина, Црна Гора, Литванија и Латвија.

Поширокиот список на српската репрезнетација:

Ненад Крстиќ (ЦСКА Москва), Милош Теодосиќ (ЦСКА Москва), Немања Бјелица
(Каха), Рашко Катиќ (Црвена ѕвезда), Владимир Штимац (Банвит), Владимир
Лучиќ (Партизан), Стефан Марковиќ (Валенсија), Василије Мициќ (Мега
Визура), Немања Недовиќ (Лијетувос Ритас), Владимир Мицов (ЦСКА Москва),
Богдан Богдановиќ (Партизан), Данило Анѓушиќ (Виртус Болоња), Новица
Величковиќ (Мега Визура), Зоран Ервег (ЦСКА Москва), Милан Мачван
(Галатасарај), Душко Савановиќ (Ефес), Немања Дангубиќ (Мега Визура),
Стефан Бирчевиќ (Раднички), Ѓорѓе Гагиќ (Партизан), Дејан Мусли
(Партизан).

“Макфакс“