Се надеваме дека изборите ќе поминат без проблеми и ќе бидат добар кредит за Македонија. Тој аспект на репутација е многу важен. Слоганот е „каков белег ќе оставиме“. Тоа е белег кој го остава секоја индивидуа, семејство, заедница и општина. Тоа белег и на регионално ниво, затоа што и останатите држави гледаат како биле спроведени изборите во Македонија, а и меѓународен белег, затоа што меѓународната заедница сака да види избори кои ќе бидат за гордеење, а не за загриженост, вели британскиот амбасадор Кристофер Ивон во интервју за Радио Слободна Европа.
На прашањето дали политичките лидери доволно работат во насока на смирување на меѓуетничките тензии по неодамнешните протести, Ивон вели дека фактот што протестите не се повторија со истиот интензитет и оти постои очигледно намалување на фреквентноста на протестите и покрај тоа што неколку протести беа откажани, е знак дека стравот кај луѓето влијае да бидат одбиени негативни реакции.
– Луѓето сакаат да одговорат на еден многу поконструктивен и попродуктивен начин. Се надевам дека тоа ќе продолжи до денот на изборите, вели амбасадорот.
Организираниот криминал предизвикува нестабилност и ја поткопува довербата во државата и во сите нејзини структури Затоа спречувањето на активностите на организираните криминални групи не е предизв...
Оперативниот план за вработување за 2025 година е вреден 40 милиони евра и опфаќа над 16 илјади невработени, од кои се очекува 65 проценти да се млади до 29 години, информираше на денешната прес-ко...
Свеченост по повод јубилејот „55 години од творештвото на Јордан Манасијески“ ќе се одржи во сабота во големата сала на Општина Охрид, Во рамки на програмата предвидена е промоција на монографијата...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.