Се надеваме дека изборите ќе поминат без проблеми и ќе бидат добар кредит за Македонија. Тој аспект на репутација е многу важен. Слоганот е „каков белег ќе оставиме“. Тоа е белег кој го остава секоја индивидуа, семејство, заедница и општина. Тоа белег и на регионално ниво, затоа што и останатите држави гледаат како биле спроведени изборите во Македонија, а и меѓународен белег, затоа што меѓународната заедница сака да види избори кои ќе бидат за гордеење, а не за загриженост, вели британскиот амбасадор Кристофер Ивон во интервју за Радио Слободна Европа.

На прашањето дали политичките лидери доволно работат во насока на смирување на меѓуетничките тензии по неодамнешните протести, Ивон вели дека фактот што протестите не се повторија со истиот интензитет и оти постои очигледно намалување на фреквентноста на протестите и покрај тоа што неколку протести беа откажани, е знак дека стравот кај луѓето влијае да бидат одбиени негативни реакции.

– Луѓето сакаат да одговорат на еден многу поконструктивен и попродуктивен начин. Се надевам дека тоа ќе продолжи до денот на изборите, вели амбасадорот.

OhridNews