Сите 88 избирачки места во општина Охрид утрово се отворени на време, информираат од Општинската изботна комисија.

– Сите гласачки места се отворени на време во 7 часот. До сега изборниот процес се одвива непречено и без никакви забелешки, изјави Марика Костадиноска, претседател на ОИК Охрид.

Во општина Охриод право на глас за претседателските избори имаат 51.211 избирачи, додека бројот на гласачи за предвремените парламентарни избори е помал и изнесува 50.895.

-Бројот не е ист во двата избирачки списоци поради тоа што кога се заклучувал списокот за парламентарните избори направена е промена од страна на гласачите, извадена нова личлна карта, се иселиле и слично.- објаснува Костадиноска.

Одзивот на гласачите во утринските часови во Охрид е мал, што делумно се должи на врнежливото време. Поголема излезност се очекува во текот на денот. 

-Избирачкото место 1309 се отвори во 7 часот, а до сега гласале само петмина граѓани. Изборниот процес се одвива без проблеми. -истакна Илинка Јанева, заменик претседател на избирачки одбор во ИМ 1309 ОУ „Братство и Единство“.

Изборите во општина Охрид ги следат акредитирани домашни и странски набљудувачи.

Г.М.