Вообичаено пред крајот од годината се прават анализи на настаните што ја одбележаа годината што изминува. 2011 година во светски рамки беше турболентна година испреплетена со насилство, војни, природни катастрофи, економска криза. И Охрид и Македонија ја почувствуваа економската криза и последиците од глобалните случувања. Политички и натаму државата е оптоварена со ирационалниот спор за името, за што неодамна се изјасни и Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Конечно по неколку посни години се израдуваа и охридските хотелиери, со враќањето на холандските туристи на ривиерата. Многу среќни моменти ни приреди машката кошаркарска репрезентација која на Европското првенство во Литванија го освои 4-то место.

Кој од овие настани ја одбележа 2011 година, гласаjте на анкетата на OhridNews.

OhridNews