Малтешката полиција е во потрага по Србин кој е осомничен за наводен обид за убиство во Бугиба, во северниот дел од Малта. Жртва е 58-годишен Македонец кој бил избоден и во моментов се наоѓа во критична состојба.

Полицијата добила дојава дека во понеделникот дошло до расправија, по што во болницата бил пренесен повредениот маж. Се трага по сторителот, а полицијата ги замоли сите кои имаат некакви информации да се јават во полициската станица.

Претходно дел од српските медиуми јавија дека повредениот бил Србин, меѓутоа информацијата подоцна беше корегирана.

OhridNews

Макфакс