Сојузот на спортови – Охрид објави јавен повик за избор на спортист на Охрид за 2006 година.

На 25 декември истекува рокот за пријавување на кандидатите за избор на спортист на Охрид за 2006, а предлозите во уредна форма и со образложение треба да бидат доставени до градската спортска асоцијација.

 Наградите традиционално ќе бидат врачени на почетокот од 2007 година.