На полноќ почнува изборниот молк во Република Македонија, кој ќе трае до затворањето на гласачките места во недела во 19 часот.
Политичките партии со митинзи и медиумски обраќања ја завршија кампањата за предвремените парламентарни избори што ќе се одржат на 11 декември. Во претстојниот период забрането е секакво политичко рекламирање и агитирање, за што законот предвидува високи парични и затворски казни.
Гласачките места во недела ќе бидат отворени во 7 часот.
OhridNews