Управниот суд ја уважи тужбата на коалицијата предводена од СДСМ за гласачко место бр. 2011 во општина Теарце и го поништи гласањето во ова место од изборната единица број 6. На ова место било воочено дека недостига гласачко ливче, кое подоцна било пронајдено во гласачката кутија.
Претходно судот ја прифати тужбата на ВМРО ДПМНЕ за избирачкото место во Гостивар по претставката на БЕСА која беше прифатена од ДИК. На ова место нема да има прегласување иако судот утврдил дека постои фалсификуван потпис во избирачкиот список, бидејќи приговорот на БЕСА не содржел потпис од овластен застапник.
Инаку ВМРО ДПМНЕ во прогласот кој го обзнани партискиот лидер и поранешен премиер Никола Груевски најави дека доколку управниот суд ги потврди незаконските одлуки на ДИК, нема да учествува во прегласувањето и нема да ги признае резултатите.
OhridNews