Во Босна и Херцеговина денес се одржуваат општи избори на кои се бираат тројца членови на Претседателството, пратеници за Претставничкиот дом на Парламентот (42) и тоа 28 од Федерацијата БиХ, a 14 од Република Српска, потоа се бира Претставнички дом на Федералниот парламент (98) и Народното собрание на РС (83), претседател и двајца потпретседатели на РС и застапници во 10 кантонални собранија.

Оваа година пријавени се 128 политички субјекти, 53 партии, 36 коалиции и 34 независни кандидати.

Централната изборна комисија првите прелиминарни резултати се очекува да ги објави во 21 часот.

Изборите ќе ја чинат државата 8,5 милиони конвертибилни марки или околу 4,3 милиони евра. Изборите ќе ги набљудуваат 6 500 меѓународни набљудувачи.