Вториот круг од претседателските и локалните избори граѓанската асоцијација МОСТ ќе го набљудува со 3.750 волонтери, на целата територија на Македонија. Само во Охрид ќе бидат ангажирани 178 набљудувачи.

МОСТ испрати апел на изборите на 5-ти март да се почитува  законската процедура, а секој граѓанин да може непречено да го оствари уставно загарантираното право за тајно гласање, без притисоци, закани и какви било нарачки и ветувања.

Граѓанската асоцијација предупредува дека во вториот круг од изборите, не смеат да се повторат случаите на семејно и групно гласање како и случаите на непочитување на процедурата за гласање, како што се неправилно раководење со избирачките списоци, нарушување на тајноста на гласање, неправилна или воопшто не употреба на УВ ламба и безбоен спреј, како и неадекватна идентификација на гласачи забележани во првиот круг од изборите.

Ohridnews