В сабота, на денот на изборите за нов претседател и раководство на Фудбалската федерација на Македонија, нема да се игра фудбал.

12 – то коло во второлигашката конкуренција е поместено за в недела, кога ќе се играат и натпреварите од 14. прволигашко коло. Ден порано се закажани една прволигашка и две второлигашки средби. Во прволигашката конкуренција порано ќе играат Победа – Тетекс, а во второлигашката Скопје – Напредок, односно Шкендија – Беласица.

Изборната собраниска седница на ФФМ е закажана за 21 ноември, во Скопје, со почеток во 11 часот.

ohridnews