Општина Охрид ги објави избраните апликанти чии проекти се целосно усогласени со развојните приоритети на општината за 2025 година врз основа на Јавниот повик за поднесување на предлог проекти од граѓански организации, објавен на 26.03.2025 година.

Како што посочуваат од Општината избрани се проeктите „Пулсот на езерото“ на Нукрачкиот центар „Амфора“ и „Од домашна кујна до локален бренд“ на ЦОР „Импакт“, првиот во областа на туризмот и културата, вториот во родова еднаквост и социјална инклузија,

Вкупен буџет на повикот изнесуваше 2.500.000,00 МКД, а износите по проект од 100.000,00 до 700.000,00 МКД. Периодот на реализација е од април 2025 до март 2026 година.

Избраните проекти беа селектирани врз основа на административна усогласеност, јасно дефинирани цели, влијание во заедницата и соодветност со утврдените приоритети на Општина Охрид: младински активизам и партиципација, родова еднаквост, економска и социјална инклузија, заштита на животната средина и туризам и култура, додаваат од Општина Охрид.

OhridNews