По повод 5-ти Јуни, Денот на екологијата Женски центар „Бисера“ ги избра најубаво уредените дворови во Охрид.
Од пријавените учесници на претходно објавениот конкурс, за најубави избрани се дворовите на: Миладинка и Јордан Анчески на улицата „Радојца Новичич“, Николина Николоска на улица „Сирма Војвода“ и Методи Кешкоски на улица „Галичица“.
На граѓаните со најубаво уредени дворови доделени им се признанија и палми кои се спонзорство од ЈП Охридски комуналец.
OhridNews















