Вчеравечер  во куќата на Уранија во Охрид со изложба на завршни проекти од работата на младите архитекти на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ колеџ Скопје, се заокружи седумдневниот проект, Меѓународната летна архитектонска школа насловена како ,,Архитектурата како перформанс“.

Од деветте изработени идејни решенија, беа избрани најдобрите три за просторот кај Долни Сарај, плоштадот кај чинарот и училиштето „Свети Сава“, кои во иднина можат да послужат како основа за изработување на реални проекти.

На вчерашната презентација беа  доделени и сертификати и благодарници, а настанот беше збогатен со пригодна свеченост, камерен концерт, на терасата на куќата Уранија.

Меѓународната летна школа за архитектура се реализираше во организација на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ колеџ Скопје, а во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, НУ Охридско лето, и Општина Охрид, а беше подржан и од Министерството за лултура на РМ.

OhridNews