По повот Меѓународниот ден на мајката, ЖЦ „Бисера“ организира свеченост која се оддржа во просториите на ОУ „Христо Узунов“. На неа учествуваа основците од сите основни училишта во Охрид. Во рамки на одбележувањето беа доделени и наградите за најуспешните ликовни и литературни творби.

Наградени за најуспешни литературни творби кои учествуваа на конкурсот со тема ,,Мајка”, од одделенска настава се Смилеска Марија ОУ „Кочо Рацин“ која ја освои првата награда, второнаградена е Ива Лабоска од ОУ „Климент Охридски“ и Андреј Ангелоски ОУ „Христо Узунов“- трета награда. Од предметна настава, наградите ги добија Војданоски Владо ОУ „Братство Единство„- прва награда, Момировска Евгенија ОУ „Климент Охридски“- втора награда и Каланоска Катерина од ОУ „Кочо Рацин“ ја освои третата награда.


Наградите за литературни творби од одделенска настава, отидоа во рацете на Антоанела Трајкоска ОУ „Григор Прличев“- прва награда, второнаградена е Елена Китевска од ОУ „Христо Узунов“ и третата награда ја освои Сара Савеска од ОУ „Братство Единство“. Од предметна настава, Емилија Ванкоска ОХ „Христо Узунов“ ја освои првата награда, Арифа Малеска ОУ „Братство Единство“- втора награда и Тамара Димовска ОУ „Братство Единство“- е трето наградена.


Благодарници за учество на конкурсот, како најмали учесници добија  Десатр Елмаза 2 одд. ОУ „Братство Единство“ и Христина Петравска 1 одд. ОУ „Братство Единство„.

Оваа година, жири комисијата,  која ги оценуваше пријавените творби на конкурсот,  работеше во состав : Јованка Љаткова професор по Македонски јазик, Љубица Чифлигароска одделенски наставник, Ирена Наумоска одделенски наставник и Зорица Азеска професор по уметност.