Љупка Евроска од ОУ „Григор Прличев“, Јован Јосифоски од ОУ „Дебрца“, Христијан Зафировски од ОУ „Христо Узунов“ и Петар Бушовски ОУ „Братство и единство“, под менторство на професорите Колина Милошеска, Јања Илоска, Тони Симоновски и Весна Сион – се прворангираните ученици на Општинскиот и регионален натпревар по географија, што денес се одржа во Охрид, во просториите на ОУ „Братство и единство“.

На натпреварот организиран од страна на Географското друштво на Македонија, учествуваа 14 ученици од основните училишта од општина Охрид и Дебрца.

Прворангираните ученици од денешниот натпревар ќе учествуваат на Републичкиот натпревар по географија, кој во месец мај е предвидено да се одржи во Делчево.

OhridNews