Викендов, во просториите на О.У.” Св.Климент Охридски”  се одржа регионален натпревар по историја на кој зедоа учество ученици од основните училишта од општините Охрид, Дебарца, Ресен, Кичево, Дебар и Струга.

Првото место го освои најмладиот натпреварувач Давид Милошески,ученик во  ВИ одделение од О.У.” Братство Единство”– Охрид, под менторство на наставникот Јоце Црвенкоски.

Второто место подеднакво   им припадна на Дамјан Танески од О.У. “Григор Прличев” од Охрид, под менторство на наставничката Мира Групчева и Дарко Ристески од О.У.” Братство Единство” под менторство на наставникот Јоце Црвенкоски.

Ученичката Маринела Цветаноска од О.У. “Дебарца” под менторство на наставничката Далиборка Симоноска го освои третото место.

OhridNews