Викендов, во организација на Женски Центар „ Бисера“ во хотелот „Ривиера“ се одржа традиционалната манифестација Тортијада на која се натпреваруваа професионалци од Охрид и жени аматерки.
За првонаградена беше прогласена тортата „ Клавир“ од хотел „ Белведере“, второнаградена „ Фроузен“ тортата од слаткарницата „ Миа торти“ и третонаградена „ Невестинска торта“ од слаткарница „ Мис“.
Во категоријата аматери, првонаградена е тортата „ Морски брег“ од Валентина Адамова, второнаградена е тортата „ Бисерни срца“ од Билјана Костоска и третонаградена е тортата „ Грилаж“ од Соња Дуклеска.
OhridNews