Иванка Гигер од населбата ,,Радојца Новичич“ ја доби правата награда за најубаво украсен новогодишен двор, на јавниот конкурс кој го објави Општина Охрид. Втората награда му припадна на Ристо Димоски од селото Горно Лакочерај, а на трето место се најде украсениот двор на Фанија Станкоска, од улица ,,Сирма Војвода“ број 94 .
Прва награда
-По пауза од една година, Општина Охрид повторно ја одржа акцијата ,,Најубаво украсен новогодишен двор или тераса“. На годинашниот натпревар се пријавија 9 наши сограѓани, кои празнично ги украсиле своите дворови. Комисија на Општина Охрид, по претходна обиколка на сите пријавени и фотодокументирање, на 2 јануaри донесе едногласна одлука за избор на најдобрите, информираат од охридската локална самоуправа.
Втора награда
Трета награда
Наградите на најуспешните ќе им бидат врачени на 8 јануари во 12 часот во просториите на Општина Охрид.
OhridNews