Во тек е изборот на попишувачите од Конкурсот што го распиша Државната пописна комисија.
Од Реонската пописна комисија појаснуваат дека вработените во државната и јавна администрација како и сите оние кои конкурирале на конкурсот од редот на невработените дека информациите за избрани членови на Реонска пописна комисија, реонски пописни инструктори и реонски попишувачи може да ги следат на веб страната на Државниот завод за статистика.
Реонската пописна комисија известува дека за сите кои се избрани да учествуваат во спроведувањето на пописот од државната и јавната администрација како и избраните на конкурс, ќе се организира обука на 28 и 29.09.2011г. во големата сала на Општина Охрид со почеток во 9 часот.
Пописот на населението и домаќинствата во Република Македонија ќе почне на 1-ви октомври и ќе трае 15 дена.