По јавниот оглас за продажба на сладолед – фрижидери се избрани седум понудувачи, за поставување на книги шест понудувачи, за поставување продажба на уметнички дела десет, за поставување и продажба на сувенири тринаесет и за поставување на детски забавни центри на отворено се избрани тројца понудувачи.
– За локациите за кои што се понудени исти цени, ќе се повтори постапката при што минималната почетната цена ќе биде понудената сума во првиот оглас. Исто така, ќе се повтори и постапката за локациите за кои нема понудувачи, со почетни цени како во првиот оглас, информираат од локалната самоуправа.