По четири години Охрид конечно го доби спортскиот лауреат за 2011 година. Признанието за најдобар спортист на Охрид, го понесе Михаил Шишковски, член на СК Охрид. Последен спортист кој се закити со оваа награда беше атлетичарот Реџеп Селман во 2006 година.


Реформираниот сојузот на спортови, додели уште неколку награди, признанието за животно дело, му припадна на Леко Радиќ, признанието за најдобар спортски презентер на Охрид е прогласен капитенот на футсал репрезентацијата, Зоран Левески. Посебни признанија добија тренерот на боксерскиот клуб Охрид, Алексо Огненоски за 50 години афирмација на боксот во Охрид, и Никола Михајолвски за 25 години успешно работење во женската кошарка.

Поеденечните награди за 2011 година :

Најдобар спортист : Михаил Шишковски (стрелаштво)

Најдобар тренер : Влатко Димитров (атлетика)

Најдобра екипа : Охрид 2004

Најуспешен и најмасовен клуб : КК Колибри

Најдобар презентер на Охрид  : Зоран Левески (футсал)

Посебно признание : Алексо Огненоски (бокс), Никола Михајловски (кошарка).

Животно дело : Леко Радиќ (пливање).

Најдобар млад спортист : Дарко Велков (атлетика)

Најдбра млада спортиска: Симона Крстаноска (фудбал)

Најперспективен спортист : Никола Ристески (кошарка)

Најперспективна спортиска : Нина Балабан (стрелашто) и Тања Стојановска (тенис)

Мх.П.