Избрани Управниот одбор и координаторите на региони во рамки на Интернационалната полициска асоцијација.

На Изборното собрание на ИПА Охрид, кое се одржа викендов во Охрид во присуство на претседатели и претставници на ИПА Македонија, ИПА Скопје и на неколку други ИПА региони, изборно надзорна комисија во состав на ИПА Македонија, делегати, членови на ИПА Охрид и други гости за претседател на Управниот одбор по пат на јавно гласање беше избран Стефан Димовски.  На Собранието, беше избран и Управен одбор кој има мандат за наредните пет години. Игор Смилески беше избран за генерален сектретар, Сашо Шумуликоски за помошен генерален секретар, за благајник беше избран Александар Голабоски, за помошник Антигона Цветаноска. Делегати во Националната секција на ИПА Македонија се Александар Трајкоски и Марина Секулоска, а за членови во Надзорен одбор избрани се Наташа Лаброска, Јово Упески и Боге Цветаноски.

Наум Аиноски и Бојан Трковски се избрани за ИПА координатори за Охрид, а Марјан Шумуликоски за подрегионот Струга. За координатор за ИПА Кичево избран е Беким Арифи, а Ридван Садикоски за Дебар.

Координатор на  ИПА секцијата на жени се Наташа Бошалеска и Анкица Радеска. Секцијата  спорт ќе ја координираат Дејан Чолески, мото клуб Јашар Седат и Дејан Георгиевски додека секцијата на ветерани Тони Филипов.

Ова е тимот пред кој претстојат бројни предизвици, кампањи, работа, ангажман, консултации, идеи, креативност, дијалог, самоодрекување, дружење и колегијалност што ќе ја води ИПА Охрид напред кон понатамошни успеси и работа посветена за добро на сите ИПА членови, но и на општеството во целина, велат од ИПА Охрид. 

Инаку, Интернационалната полициска асоцијација е најголемата полициска организација во светот, формирана на 1 јануари 1950 година, составена од активни и пензионирани членови на полициската служба. Целта на ИПА е професионална соработка, создавање пријателство помеѓу припадниците од сите ИПА земји-членки, врз основа на Статут и начелата утврдени во декларацијата за човекови права, усвоена од страна на Генералното собрание на ООН во 1948 година.

 

OhridNews