Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2012 биле издадени 232 одобренија за градење што е за 3.3% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 847 943 илјади денари што е за 4.4% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 177 (76.3%) се наменети за објекти од високоградба, 18 (7.8%) за објекти од нискоградба и 37 (15.9%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 232 објекти, на 172 (74.1%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 60 објекти (25.9%) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 647 станови, со вкупна корисна површина од 51 958 метри квадратни.

OhridNews