Француската полиција издаде потерница по 29-годишниот Шериф Чекат, кој е осомничен за нападот на божиќниот панаѓур во Стразбур. Тој во нападот уби две, а рани 14 лица со огнено оружје. Потрагата по него продолжува и целата француска полиција е на нозе. Од полицијата соопштија дека е уапсено и целото негово семејство, но информираа и дека постојат сомневања дека Чекат избегал во Германија.


Во потерницата што ја издаде полицијата Чекат е опишан како 29-годишно момче, 180 сантиметри висок, кратка коса, пренесува „Индекс“. Полицијата, исто така, нагласи и дека е исклучително опасен, но и дека го бараат повеќе од 700 француски безбедносни лица. Исто така, се потсетува дека полицијата била подготвена да го уапси во вторникот, поради убиство што го извршил минатата година, или истиот ден кога Чекат го извршил нападот.

Во меѓувреме, француските медиуми објавуваат вести за жртвите, објави хрватскиот портал. Еден од починатите е 52-годишен поранешен вработен во банката „Креди Агрикол”, кој заедно со сопругата и синот бил на пијалак во ресторан во центарот на градот.

Другата жртва е 45-годишен тајландски турист, кој бил застрелан во главата додека одел со неговата сопруга на божиќниот панаѓур.

OhridNews

Макфакс