Согласно законот за животна средина и уредбата за инсталациите кои подлежат на обврската за поседување Б-интегрирана еколошка дозвола, Општина Дебарца ја издаде Б-Интегрираната еколошка дозвола, односно Б-Дозвола за усогласување со оперативен план на живинарската фарма „Бастум“од село Мешеишта.

Дозволата ја обврзува инсталацијата да ги намали емисиите на штетни материи во сите медиуми на животната средина и предвидува мониторинг на емисиите на штетни материи, во смисла на интегрирано спречување и контрола на загадувањето.

За Општина Дебарца ова е трета издадена еколошка дозвола.

OhridNews