Согласно законот за животна средина  и уредбата за инсталациите кои подлежат  на обврската за поседување Б-интегрирана еколошка дозвола,Општина Дебрца ја издаде втората Б-интегрирана еколошка дозвола на каменоломот ЛОТЕ ДООЕЛ с Климештани, Дебрца.

Дозволата ја обврзува инсталацијата да ги намали емисиите на штетни материи во сите медиуми на животната средина и предвидува мониторинг на емисиите на штетни материи.

Општина Охрид има издадено досега три еколошки Б дозволи,а сега за инсталација на територија на Општина Дебрца  ја издаде втората Б-интегрирана еколошка дозвола. Секторот за урбанизам и заштита на животна средина на општина Охрид ги врши активностите околу издавањето еколошките Б дозволи и за соседната општина во духот на добрата меѓусебна соработка а и заради фактот дека општина Дебрца (со оглед на големината на општината)  нема потребен капацитет за оваа проблематика.

До Секторот за урбанизам и заштита на животната средина  поднесени се  десетина барања за добивање Б интегрирани еколошки дозволи од фирми кои законски подлежат на ваква обврска од општините Охрид и Дебрца.

OhridNews