Во ноември лани во државава се издадени 354 одобренија за градење, што е за 12.8 % помалку во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 8 935 801 илјада денари, што е за 6.7 % помалку во споредба со ноември 2021 година.
Во Охрид се издадени девет одобренија за градба, од кои три на физички лица и девен на деловни субјекти. Предвидена е изградба на дваесет и девет станови со вкупна корисна површина од 1 736 м2, од кои осум еднособни, дваесет двособни и еден четрособен. Во Струга, пак, се издадени три одобренија за градба на физички лице, велат податоците од ДЗС.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење на ниво на држава, 156 (44.1 %) се наменети за објекти од високоградба, 119 (33.6 %) за објекти од нискоградба и 79 (22.3 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 354 објекти, на 176 (49.7 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 178 (50.3 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 621 стан, со вкупна корисна површина од 53 383 м2.
OhridNews












