
Во периодот од 19-ти јуни до 29-ти јуни, биле издадени потврди на 5.005 странски државјани, од кои 3.973 биле од машки пол, 597 биле од женски, а 425 биле деца кои ги придружувале носителите на потврдата.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 3.180, потоа Авганистан- 479, Ирак- 321, Пакистан- 250, Сомалија- 245, додека останатите се во помал број.
Заради зголемениот притисок од илегални мигранти на јужната граница кон соседна Република Грција, МВР продолжува со засилените мерки за обезбедување на граничата линија.
OhridNews











