Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2011 година се издадени 212 одобренија за градба што е за 20.9% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 747 139 илјади денари, што е за 10.2% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 165 (77.8%) се наменети за објекти од високоградба, 25 (11.8%) за објекти од нискоградба и 22 (10.4%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 212 објекти, на 153 (72.2%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 59 објекти (27.8%) инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 676 станови со вкупна корисна површина од 53 221 м2.