Лиценцата за туристички водич да се обновува на период од три години, ограничени можности на туристичките агенции со лиценца А и Б, категории и ѕвезди на угостителските објекти зависно од условите, приватните станоиздавачи во колективна зграда да можат да издаваат само ако имаат согласност од совет на станари, паушална туристичка такса. Ова се дел од предложените измени на законите за туристичка дејност, угостителска дејност и туристичка такса, од страна на работната група при министерството за економија.

Со цел да се слушнат ставовите на засегнатите страни, деновиве, од страна на секторот за локален економски развој се одржуваат низа состаноци на кои хотелиерите, приватните станоиздавачи и туристички водичи имаат можност да го кажат своето мислење за предложените измени. 

Се со цел да се избегнат сите недоследности и пропусти кои секој сектор поединечно смета дека ги има во овие закони. Пред засегнатите да ги презентираме предлог измените и регулативи, да слушнеме мислење за потоа да заземеме заеднички став, по што како член на работната група да ги пренесам во работната група, објаснува раководителот на секторот за ТЛЕР, Ѓоко Апостолов.

Откако ќе се подготват заклучоците тие ќе бидат доставени до владата, се до формирање на предлог закон кој понатаму треба да влезе во собраниска процедура.

OhridNews