Со ребалансот на буџетот за 2023 година на денешната одржана седница на Совет, советниците дадоа зелено светло за седум милиони денари за експропријација на земјиште. Со ова според секретарот на Општина Охрид, Александар Китески, општината ќе избегне два судски спора што негативно би се одрзиле над општинската каса.

Одговарајќи на поставено прашање од страна на советничката Живка Ангелоска за детално објаснување за што ќе бидат наменети овие средства потенцирајќи дека токму јавноста е таа која е заинтересирана на кои потези се планира да биде извршена екпропријацијата, Китески ја образложи целата постапка во поглед на земјиштата каде стои механизацијата на јавните претпријатија.

Тие 7 милиони денари се тргнати од ставката судски и се префрлени на експропријации. Причината за ова е проблемот со просторот за механизацијата од ЈП „Охридски Комуналец“. Запознаени сте сите дека земјиштето на коешто се изградени објектите и просторот кој се користи за механизацијата не е наша сопственост, има приватни сопственици кои пред месец или два се обратија и до Општина Охрид и до јавното претпријатие со барање механизацијата од таму да биде целосно отстранета. Ако не се закануваат со тужби за надомест на штета, вели Китески.

И претходно, додава, таму имало судски спор со барање да им се плати закупнина, но овој спор бил прекинат и сега повторно планирале да го отворат.

Истовремено од страна на сопственик од околу две илјади квадрати во просторот каде е дворот на ЈП „Нискоградба“ и истиот се користи од страна на ова преторијатие и од ЈП „Водовод“, исто така приватна сопственост, во два наврати доставено е барање, опомена пред тужба, каде бараат или да се направи експропријација или да го вратиме владението што го имаме таму.  За да не дојде до судски спор одлучивме да намениме средстава за експропријација за тој дел во ЈП „Нискоградба“, а целосната механизација да биде префрлена таму и да го ослободиме просторот кој не е наш и сега се наоѓа механизацијата. Значи сите три претпријатија со нивната механизацихја да бидат во кругот на ЈП „Нискоградба“. Со тој потег сметам дека ќе избегнеме извесни два судски спора кои што би биле негативни за Општина Охрид, потенцираше Китески.

Воено информираше дека со оглед дека се работи за поголема кавдратура сега издвоените средства може и да не бидат доовлни, но на преговорите кои ги имаат постои согласнсот за исплата на рати. Доколку по добиената проценка излезе дека износот е поголем исплаќањето ќе продолжи и следната година.

Н.С.Ј.