Пожарот кој синоќа избувна во Националниот парк Галичица помеѓу селата Велгошти и Рамне е изгаснат сам од себе. За тоа во многу придонесе студеното време велат стручните лица од професионалната противпожарна единица од Охрид, чии екипи будно ја следеа состојбата во координација со Националниот парк.
Пожарот, како што веќе објавивме, не претсдтавуваше опасност за околните населени места.
Опожарена е поголема површина, главно смрека, ниска вегетација и трева. На местото на пожарот утрово се упатиле претставници на националниот парк кои треба да извршат проценка на штетите.
Најверојатно причина за пожарот е човечки фактор. Синоќешниот е трет пожар на отворено во охридско изминатите денови.
OhridNews
фото: илустрација