Пожар избувнал на приземје во еден од блоковите на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје и зафатил 30 до 50 метри квадратни, изјавил за „Макфакс“, командирот на противпожарната бригада во Скопје, Благоја Менковски.
Во гаснењето на пожарот учествувале пет противпожарни возила, а пожарникарите не дозволиле огнот да се прошири во соседните соби. Пожарот е изгаснат, а сега се врши расчадување во опожарените простории. Повредени нема.
Пожарот бил пријавен во полиција околу 15.40 часот. На местото на пожарот треба да биде извршен увид и да се утврдат причините поради коишто настанал.
OhridNews
извор:„Макфакс“
Фото: „Факултети.мк“













