Непосредно пред гласањето опозицијата ја напушти собраниската седница.
Како што објасни министерот за правда Блерим Беџети, причина за донесување на овој закон се недоследности и недоречености во примената од одредби од Законот за попис како резултат на недоволниот временски период за подготовка и обучување на учесниците во спроведување на пописот во земјата, а посебно на реонските инструктори и попишувачи.
Беџети посочи дека пописниот материјал собран за време на спроведувањето на пописот ќе биде уништен од страна на Државниот завод за статистика, кој ќе ги сноси направените трошоци за пописот.