– Овие измени се суштински значајни за подобрување на процесот на експропријација што ќе овозможи реализација на голем број проекти. Имено, со предлогот на пратениците Николоски и Затуроска, предвидено е објектите од прва категорија предвидени со соодветните детални урбанистички планови, како што се хидроцентрали, термоцентрали, патишта, водоводи, канализациони мрежи, спортски објекти, објекти од областа на образованието и науката да можат да се градат во побрза постапка. Исто така, со измените на законот предвидено е во оваа категорија да влезат и спортски објекти со капацитет помал од 10.000 гледачи, што значи силно раздвижување на изградбата на спортски објекти, информираат од ВМРО- ДПМНЕ.
Оттаму, додаваат дека се надеваат дека измените на законот ќе значат отстранување на досегашните пречки на кои што наидуваат соодветни институции при реализацијата на нивните проекти и силно интензивирање на изградбата на инфраструктурни и спортски објекти.