Советниците ги изгласаа на денешната одржана 28-та седница на Совет измените на Одлуката за начинот и постапка на регулирање на паркирањето во рамки на градежна парцела со употреба на механизирани паркинг системи, што беше додадена како точка на дневниот ред.

Како што посочи претставник од соодветната општинска служба измената се врши на претходно донесената Одлука за регулирање на паркинг системите од 22.12.2022 година и истата е во однос на тоа што содржи одредена терминологија која се покажала како недоволно јасна за примена во праксата.

Одделението за спроведување на урбанистички планови кое работи во склоп на Секторот за урбанизам наиде на потешкотии во спроведување на претходно донесената одлука и неможе да постапи во системот е -одобрение и неможе да ги запази законските рокови предвидени во Законот за градење. Во овој момент има повеќе предмети во системот на е-одобрение на кои им се изминати роковите по кои треба да се постапи и со оваа мала корекција ќе може да се постапи и ќе се запазат сите рокови, беше потенцирано.

Воедно јавноста беше информира дека измената се врши во член 2 од Одлуката на начин што се менува ставот 2 и гласи: „Се дозволува употреба механизирани паркинг системи во рамките на приземјето на објектот, како и во рамки на подземните делови од градбата“.

Значи, ќе биде дозволено механизирани системи во подземните нивоа на паркирањето, а во приземјето ќе биде дозволено само во габаритот на градбата да може да се постават такви паркинг системи согласно стандардите и правилниците за проектирање и нема да може да биде во дворовите, ќе биде само во склоп на приземјето на градбата и на приземните делови.

Со измените исто така, во ставот 3 зборот „независен“ се менува со „механизиран“ и се брише ставот 3 од предметниот член, додека во членот 3 има и измена и се бришат зборовите со независен паркинг систем со што членот 3 ќе гласи: „При организирање на начинот на паркирање во рамки на градежната парцела се дозволува користење на механизирани паркинг системи на повеќе нивоа на едно паркинг место, односно паркирање на возила едно над друго“.

Беше дообјасното дека разликата помеѓу употребата на механизирани и независни системи е тоа што кај маханизираните има повеќе системи, а независен е конкретно еден или два и тоа овозможува поголем спектар на употреба на механизирани системи што ќе оди во прилог и на граѓаните и на сите останати, а ќе се олесни и одобрување на проектната документација нормално и при квалитетот на изградба.

Н.С.Ј.