Утрово, во 8.25 во охридската Противпожарна служба пријавено е опожарување на станбен објект во село Коњско.

Две противпожарни екипи со осум пожарникари за кратко време се упатиле кон пријавениот објект, кој се наоѓал на непристапен терен и до кој возилата немале пристап, па пожарот се гаснел во отежнати околности.

И покрај брзата интервенција, викендичката е целосно опожарена и предизвикана е голема материјална штета, но за среќа сопствениците успеале навреме да излезат од објектот.

OhridNews