Ноќеска во околу 1 часот и 30 минути на улица „Иса Пелар“ во Струга од засега непознати причини избувнал пожар во возило „Форд Мондео“ со охридски регистерски ознаки сопственост на 57-годишен стружанец, при што возилото целосно изгорело.

Од екипа на Противпожарната служба во Струга пожарот бил локализиран.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица од Струга и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

OhridNews