Студијата е изготвена врз основа на Планот и програмата за управување со отпад во Општина Охрид, а изработувач е Друштвото за еколошки консалтинг „Деконс Ема“ од Скопје.
Целта на изработката на овој документ е да ги анализира и реализира веќе определените стратешки цели во однос на управувањето со биоразградливиот отпад во Општина Охрид, како и да наметне одредени решенија кои би биле во согласност со праксата во земјите членки на ЕУ.