Почетокот на изградбата на автопатот Кичево- Охрид се очекува во првиот квартал од 2014 година, најави директорот на Агенција за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Како што потенцира Георгиевски, во тек се подготвителните активности и се работи на  експропријација на земјиштето, кое добива на вредност поради изградбата на автопатот.

Во текот на 2013 година, во Македонија завршила  изградбата на 145 километри локални патишта, во вредност од 13,4 милиони евра, како и на 14 магистрални и регионални патни правци во должина од 148 километри, во вредност од 1,610 милиони денари.

OhridNews