За една година, колку што е измината од рушењето на стариот хотел Парк, од најавените пет ката и потпокрив, досега се изградени само два ката од луксузниот апартмански комплекс кој се гради на негово место.



Најавите беа дека за две години на овој простор градежните работи ќе завршат и дека на местото на стариот хотел ќе биде изграден современ хотелски комлекс, со 200 апартмани, висок 20- тина  метри, инвестиција која чини 20 милиони евра.

Градежните работи започнаа во мај минатата година, а поради нивното изведување и градежниот шут кој го има насекаде, многумина мораа да се откажат од рекреирањето на оваа една од најпознатите пашечки патеки во околината на Охрид. 

OhridNews