Проектот за изградба на марина во Охрид е во фаза на идејно решение и ќе почне да се реализра по фази од наредната година, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, при вчерашната посета на Капетанијата на пристаништата. Всушност се работи за адаптација на постојното градско пристаниште, појасни министерот Јанакиески.

Согласно идејното решение предвидено е да се направат два дополнителни крака на градското пристаниште. Во 2015 година ќе распишеме повик за изготвување на главен проект за да видиме колку пари тоа би чинело, исто така ќе се изработи физибилити студија. Во 2016 година ќе видиме дали има воопшто интерес за јавен приватен партнер како што стои во програмата, доколку има ќе го реализираме проектот по пат на јавно приватно партнерство и некаде во 2018 година треба целосно да биде завршена изградбата и реконструкцијата на постојното пристаниште. Доколку нема заинтересиран јавен партнер ќе бараме други начини на финансирање.-изјави Јанакиески.

Согласно владината програма, ќе се пристапи и кон изградба на пешачка патека покрај езерото до Лабино, за што прелиминарните подготвовки исто така, ќе отпочнат во 2015 година, рече Јанакиески.

OhridNews