Советот на општина Охрид, денеска, ќе ја продолжи прекинатата 52- та седница. На дневен ред на оваа седница ќе се најде Предлог одлуката за започнување на постапка за доделување на Договор за јавно приватно партнерство за изградба на автобуска станица и катна гаража.
Освен за овие две предлог одлуки, се очекува советниците да расправаат и за извештаите од работењето на јавните претпријатија и за неколку урбанистички решенија.
По завршување на оваа, Советот ќе ја одржи 53-та седница.