За 2015 година предвиден е значителен износ од околу 225 милиони евра во програмите на Јавното претпријатие за патишта со кои ќе се финансира изградбата на повеќе локални и регионални патни правци, информира министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески во интервју за МИА.
Како што најави министерот во 2015 ќе започне изградбата на патните правци Охрид- Пештани, Градско-Прилеп, Штип-Кочани, Битола-Ресен-Буково, Маврово-Дебар, Кочани-Делчево, Брвеница-Чегране-Гостивар, Мокрино-Смолари, Делчево-Голак, Кривогаштани-Обршани-Воѓани и други.
OhridNews