Изградбата на најавената пешачка патека од градското пристаниште до населбата Канео ќе заврши до крајот на 2016 година, најави при својата посета на Охрид премиерот Никола Груевски. При тоа премиерот истакна дека станува збор за значаен проект кој е дел од програмата на Владата .
– Сега треба да почне изработка на проект за што министерот за транспорт и врски ќе започне процедури и некаде за од прилика една година од сега или година и неколку месеци да започне градбата на оваа патека која треба да заврши до крајот на 2016 година, рече Груевски.
Подготовките за изградбата на пешачка патека до Канео ќе започнат во 2015 година.
OhridNews