Во напредна фаза се активностите за поставување на потпорниот ѕид на објектот Римска бања на локалитетот Плаошник. Римската бања е една од најзначајните градби откриени на овој локалитет, вели директорот од НУ Завод и Музеј Мишко Тутковски.
Изминатите години имаше голем проблем со свлекување на земјиштето, со можност целото земјиште да се одрони и да го уништи овој објект, но оваа година и со средства од Министерството за култура се започна со реализација на овие активности. Веќе сме во напредна фаза од реализацијата. Се надеваме дека за месец дена истите ќе завршат со што потпорниот ѕид ќе обезбеди комплетна безбедност и стабилност на Римската бања со мозаици на Плаошник, вели Тутковски.
Со изградбата на потпорниот ѕид ќе се овозможи следната 2022 година за кога е и планирано, непречена реализација на проектот за конзервација и реставрација на архитектурата и на мозаикот од Римската бања.
Н.С.Ј.












