Привршува изградбата на спортската сала во Основното училиште “Св. Наум Охридски” во Пештани, финансирана од страна на Општина Охрид.

Поставено е осветлувањето, опремени се соблекувалните и поставени се заштитните мрежи на прозорите. Целосно е завршена и изградбата на посебниот надворешен влез. Последната фаза во изградбата на овој спортски објект е поставувањето на дрвената подлога на која ќе биде поставен паркетот.

Според најавите од локалната самоуправа, наскоро жителите на Пештани и учениците во Основното училиште “Св. Наум Охридски” ќе добијат современа спортска сала.

OhridNews