Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид , денеска го промовираше успешното завршување на пристапниот пат до резервоарот за вода во селото Елшани. Вкупната вредност на проектот е 256 илјади денари од кои 200 илјади се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, преку секторот за туризам и локален економски развој.
На промоцијата , градоначалникот Александар Петрески рече дека овој проект е вистински пример за соработка меѓу Месната заедница и Локалната самоуправа. Според него , соработката ќе се продлабочи по влегувањето на Општина Охрид , во втората фаза на децентрализацијата.